За Нас

Кои сме ние?

СМАРТ РЕВИЗИЈА е овластен ревизор – трговец поединец основан во 2025 година согласно Законот за трговски друштва.

СМАРТ РЕВИЗИЈА ТП има добиено лиценца за работа на овластен ревизор – трговец поединец на 29 декември 2025 година, со регистарски број 27, издадена од Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Северна Македонија.

Основач на СМАРТ РЕВИЗИЈА ТП е Александра Бакулеска, овластен ревизор и член на ACCA.

Лиценцата за овластен ревизор е издадена од страна на Советот за унапредување и надзор на ревизијата со регистарски број 270, а поседува и уверение за ревизор издадено од Институтот на овластени ревизори на Република Северна Македонија.

Како член на ACCA (Association of Chartered Certified Accountants), поседува меѓународно призната експертиза во областа на сметководството, финансиското известување и ревизијата.

СМАРТ РЕВИЗИЈА е ориентирана кон обезбедување услуги со врвен квалитет, базирани на професионалност, интегритет и континуирано усовршување.

Нашата мисија е да бидеме доверлив партнер кој придонесува кон стабилно и успешно работење на клиентите, во согласност со современите стандарди и практики.


Зошто да соработувате со нас?

Соработката со нас значи сигурен и доверлив партнер кој нуди квалитетни и професионални услуги, усогласени со современите стандарди и практики, при што преку знаењето и експертизата обезбедуваме практични решенија и индивидуален пристап што придонесуваат за стабилно и успешно работење на вашиот бизнис.