Законска обврска за ревизија на финансиските извештаи во Република Македонија Согласно член 478 од ЗТД, субјектите кои се обврзани за задолжителна ревизија се должни да достават до Централниот регистар на Република Северна Македонија ревидирани и одобрени годишни сметки и финансиски извештаи од страна на органот на управување најдоцна 30 дена од денот на нивното одобрување, но не подоцна од 30 јуни.
Обврска за задолжителна ревизија имаат следните трговци (член 478 став 1 од ЗТД):
- • големи и средни трговци организирани како акционерски друштва;
- • друштвата чии хартии од вредност котираат на берза и
- • големи и средни трговци организирани како друштва со ограничена одговорност
- • сите друштва кои имаат обврска да составуваат Консолидирана годишна сметка и Консолидирани финансиски извештаи
Консалтинг услуги Консалтинг услугите се насочени кон обезбедување стручна поддршка и практични решенија за подобрување на деловните процеси, управувањето со ризици и финансиското известување. Преку индивидуален пристап и примена на современи методологии, им помагаме на клиентите да ги унапредат своите перформанси и да донесуваат информирани и стратешки одлуки. Нашата цел е да создадеме додадена вредност и да придонесеме кон долгорочен и одржлив развој на бизнисот.
